Вести

22.07.2014 - Во тек е постапка за реализација на нови 66 проекти од кредитната линија ЕИБ во вкупен износ од 15 милиони евра. 10,9 милиони евра за 40 проекти ќе бидат обезбедени од ЕИБ IV фаза, додека преостанатиот износ од револвинг фондот.

19.05.2014 - Се повлече дванаесеттата (последна) транша за МСП во износ од 4.905.396 ЕУР со што ќе се поддржат 26 проекти. Од оваа транша, 75% се за поддршка преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години. Со реализација на овие проекти се очекува да се отворат нови 72 работни места.
Проектите ќе се реализираат преку: Охридска Банка АД Скопје, Прокредит Банка АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје, Шпаркасе Банка МАКЕДОНИЈА АД Скопје и Халк Банка АД Скопје.

07.04.2014 - Повлечена е единаесеттата транша за МСП во износ од 5.924.400 ЕУР со што ќе се поддржат 29 проекти. Од оваа транша, 80% се за поддршка преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години. Со реализација на овие проекти се очекува да се отворат нови 48 работни места.
Проектите ќе се реализираатпреку: НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, Прокредит Банка АД Скопје, УНИ Банка АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје и Халк Банка АД Скопје.
МБПР ја реализира и дванаесеттата транша (поселдна) во износ од 4.905.396 ЕУР, која се очекува да биде повлечена на 19. мај 2014.

14.03.2014 - Повлечена е десетатта транша за МСП во износ од 6.298.010 ЕУР со што ќе се поддржат 41 проект. Од оваа транша, 89% се за поддршка преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години. Со реализација на овие проекти се очекува да се отворат нови 93 работни места.
Проектите
ќе се реализираат преку: НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, Охридска банка АД Скопје и Халк Банка АД Скопје.
МБПР ја реализира и единаесеттата транша во износ од 5.924.400 ЕУР, која се очекува да биде повлечена на почетокот од наредниот месец.