Вести

31.12.2013 - Потпишан е Договор за заем помеѓу МБПР и ЕИБ во износ од 100 милиони евра за финансирање на мали и средни претпријатија и приоритетни проекти. Со потпишувањето на овој договор се отпочнува со реализација на четвртата фаза од ЕИБ кредитната линија (првата фаза во износ од 100 милиони евра, втората фаза од 50 милиони евра се претходно успешно реализирани, додека третата фаза целосно ќе се реализира кон крајот на месец април 2014 год).

27.12.2013 - Заради промена на називот на улицата на која се наоѓа седиштето, МБПР направи соодветна промена на Статутот односно Одлука за измена на седиштето. Така отсега седиштето ќе се води на: ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 26 наместо “Вељко Влаховиќ“.

18.12.2013 - Се повлече деветтата транша за МСП во износ од 5.307.576 ЕУР со што ќе се поддржат 23 проекти. Од оваа транша, 87% се за поддршка преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години. Со реализација на овие проекти се очекува да се отворат нови 83 работни места.
Проектите ќе се реализираат преку: Стопанска банка АД Скопје и Прокредит банка АД Скопје.
МБПР започнува со подготовка на нова транша која се очекува да се реализира во почетокот на 2014 година.

06.11.2013  - Се повлече осмата транша за МСП во износ од 5.973.396 евра со што ќе се поддржат 36 проекти. Од оваа транша, 74% се за поддршка преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години. Со реализација на овие проекти се очекува да се отворат нови 96 работни места.
Проектите ќе се реализираат преку: Халкбанка АД Скопје, Прокредит Банка АД Скопје и Охридска Банка АД Охрид.
МБПР започнува со подготовка на нова транша која се очекува да се реализира во декември 2013 година.