Вести


04.11.2013-08.11.2013,
Согласно потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Македонска банка за поддршка на развојот АД и Инвестиционо-развојниот фонд на Црна Гора АД од јуни 2013 год., во просториите на МБПР се одржа обука на дел од вработените од овие две институции, при што беа разменети значајни искуства и практики во насока на унапредувањето на работењето на истите.

02.08.2013 - Се повлече шестата транша за МСП во износ од 6.241.000 ЕУР со што ќе се поддржат 29 проекти. Од оваа транша, 70% се за поддршка преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години. Со реализација на овие проекти се очекува да се отворат нови 139 работни места.
Проектите од ЕИБ кредитната линија можат да се реализираат преку следните 11 банки: Халкбанка АД Скопје, Шпаркасе банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Охридска банка АД Охрид, Прокредит банка АД Скопје, Стопанска банка АД Битола, Стопанска банка АД Скопје, Уни банка АД Скопје, ТТК банка АД Скопје и Централна кооперативна банка АД Скопје.
Проектите од оваа транша ќе се реализираат преку: Халкбанка АД Скопје, ПроКредит Банка АД Скопје, НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, Охридска Банка АД Охрид и Стопанска Банка АД Битола.

Истиот ден се повлече и седмата транша во износ од 3.800.000 ЕУР за Приоритетни проекти со над 250 вработени со што ќе се поддржат 2 проекта. Со реализација на овие проекти се очекува да се отворат нови 2 работни места.
Проектите од ЕИБ кредитната линија можат да се реализираат преку следните 11 банки: Халкбанка АД Скопје, Шпаркасе банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Охридска банка АД Охрид, Прокредит банка АД Скопје, Стопанска банка АД Битола, Стопанска банка АД Скопје, Уни банка АД Скопје, ТТК банка АД Скопје и Централна кооперативна банка АД Скопје.
Проектите од оваа транша ќе се реализираат преку: ПроКредит Банка АД Скопје и Комерцијална Банка АД Скопје.
 
МБПР започнува со подготовка на нова транша која се очекува да се реализира во месец септември.

Куманово, 09.07.2013 - Пред членките на Стопанската комора на Македонија од Регионалната комора со седиште во Куманово, беа презентирани новите кредитни линии на Македонската банка за поддршка на развојот, наменети за мали и средни претпријатија. Презентацијата ја изврши Александар Станојковски, директор на секторот за кредитирање во Банката.

 

Во својата презентација тој посебно се задржа на кредитната линија на Европската инвестициона банка, на кредитите за производство/преработка/извоз на земјоделски производи, на финансирањето на производството наменето за извоз, на стоковната кредитна линија од Република Италија (револвинг фонд), на кредитната линија за трајни обртни средства, на условите од земјоделскиот кредитен дисконтен фонд, на кредитната линија за финансирање на мали и средни претпријатија.

 

Исто така, во своето излагање, тој ги информира присутните и за факторингот и за услугите на Банката во делот на осигурувањето на извозните и домашните побарувања на претпријатијата.

29.04.2013 - Повлечена е петтата транша во износ од 11.553.890 евра со што ќе се поддржат 42 проекти. Од оваа транша, 75% се за поддршка преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години. Со реализација на овие проекти се очекува да се отворат нови 187 работни места.
Проектите се реализираат преку: Халкбанка АД Скопје, УНИ банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, ПроКредит банка АД Скопје, НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Охридска банка АД Охрид, ТТК банка АД Скопје и Шпаркасе банка АД Скопје.
МБПР започнува со подготовки на нова транша која се очекува да се реализира во месец јуни.