Вести

Гостивар, 18.04.2013 - МБПР ги презентираше своите кредитни линии, услугите за осигурување на извозот и наплата на побарувањата на состанокот во Регионалната комора со седиште во Гостивар.

 

Презентациите ги извршија Александар Станојковски, директор на секторот за кредитирање и гаранции и Дарко Стефановски, директор на секторот за кредитно осигурување во МБПР. На презентацијата учествуваа претставници од над триесет фирми. Претставниците на фирмите позитивно се изјаснија за оваа презентација што беше организирана во соработка со Стопанската комора на Македонија и активно учествуваа со конкретни прашања за сите аспекти на услугите на Банката, а претставниците на Банката даваа образложенија и одговори на сите поставени прашања.

04.03.2013 - Повлечена е четвртата транша во износ од 17.544.675 ЕУР со што ќе се поддржат 59 проекти. Од оваа транша 75% се за поддршка преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години. Со реализација на овие проекти се очекува да се отворат нови 358 работни места.
Проектите ќе се реализаираат преку Халкбанка АД Скопје, УНИ Банка АД Скопје, Стопанска банка АД Битола, ПроКредит Банка АД Скопје, НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Охридска банка АД Охрид и Шпаркасе Банка АД Скопје.
Во месец април се очекува повлекување на петтата транша во износ од 11.553.890 ЕУР.         

15.02.2013 - Со Решение на Централниот регистер на Република Македонија бр. 30120130006479 од 15.02.2013 год. направен е упис во регистерот на новиот член на Управниот одбор на МБПР - главен оперативен директор, Бесим Билали.

07.01.2013 - Повлечена е третата транша од кредитната линија од ЕИБ III 100 милиони евра во износ од 7,35 милиони ЕУР. Со овие средства ќе се поддржат нови 21 проекти со пресметковна вредност од 12 милиони ЕУР. 10% од овие средства ќе се наменат за трајни обртни средства, додека преостанатите за долгорочни инвестиции. Со реализација на овие 21 проекти се очекува да се отворат нови 402 работни места
Проектите се реализираат преку: Комерцијална банка ад Скопје.