Исплатени се 41,3 милиони евра од кредитната линија за инвестиции и развој на компаниите кон деловните банки

15.05.2025

Развојна банка ја исплати третата транша во износ од 41,3 милиони евра кон деловните банки за 175 одобрени проекти на домашните ��омпании, од кредитнатата линија за инвестиции и развој.

Најголем дел од средствата на оваа транша се наменети за финансирање на 91 проект на мали компании и 19,5 милиони евра за  инвестиции во опрема. По структура на дејност, од оваа транша најголем дел од средствата се исплатени за поддршка на компаниите кои имаат дејност пред сé од областа на производството, во износ од 13,6 милиони евра.

Структурата по вид на инвестиција од оваа транша е следнава: 45%  во градежи, 47% во опрема, 2%  во обновливи извори на енергија и 6% инвестиции во транспортни средства. Со овие средства се поддржани 9 микро, 91 мали, 57 средни и 18 големи компании во државата.

Со оваа транша, Развојна банка, досега исплати вкупно 125,8 милиони евра кон деловните банки, односно половина од предвидените 250 милиони евра наменети за поддршка на стопанството преку кредитната линија за инвестиции и развој, со што се финансирани 470 проекти на домашните компании.