Факторинг е услуга која овозможува продажба на производи и услуги на одложено плаќање, при што дел од средствата наведени во фактурата се добиваат веднаш.
Факторингот комбинира кредитна заштита, регистар на побарувања, наплата на побарувања и финансирање за компаниите кои продаваат производи и услуги со одложено плаќање пократко од 180 дена. РБСМ откупува фактури и исплаќа аванс по основ на доставена фактура во износ од 80%.
Авансно плаќање се нуди со каматна стапка која се пресметува до моментот на плаќање на фактурата од страна на купувачот. Како гаранција служи фактурата за реализирана продажба на производи или услуги помеѓу продавачот и купувачот, осигурување на побарување и меница.
Секоја фактура која е доставена за исплата по основ на факторинг, претходно треба да е задолжително осигурана од комерцијален ризик во РБСМ.